Шкендија има невозможна мисија против Салцбург

Поразот до 3-0 на гостувањето кај Ред Бул Салцбург е висок и тешко достижен за македонскиот првак Шкендија.

Пласманот во плеј-офот за влез во групната фаза во Лигата на шампиони изгледа недостижен, но тетовци не се откажуваат предвреме од сензација. Момците на тренерот Ќатип Османи се свесни дека победа од 4-0 е тешко остварлива и затоа жалат што не успеаа да постигнат барем еден гол на првиот натпревар во Австрија минатата недела.

Салцбург е сериозно силен тим, кој лани играше во полуфиналето во Лигата на Европа, каде беше елиминиран од Олимпик Марсеј дури во продолженијата. Шкендија доколку успее да го мине Салцбург и направи сензација во плеј-офот за Лигата на шампиони го чека подобриот од двомечот помеѓу Црвена Звезда и Спартак Трнава, каде по првиот дуел во Белград резултатот е 1-1.

Доколку нашиот тим биде елиминиран вечерва, тогаш ќе продолжи во плејофот од Лигата на Европа, каде пак го чека подобриот од двомечот помеѓу Корк Сити и Розенборг во третото квалификациско коло. Најверојатно тоа ќе биде норвешкиот тим, кој славеше со 0-2 на првиот натпревар на гостински терен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ