Шкендија го пречекува Вардар на стартот на Првата лига

Продолжува традицијата, Првата фудбалска лига да стартува со најголемото дерби помеѓу Шкендија и Вардар.

Веќе вообичаено, овие два клуба се среќаваат или во првото или во второто коло, а сега втора сезона по ред ќе го отворат првеството со дерби дуел во Тетово.

Според ждрепката, на премиерата Шкупи ќе му гостува на Силекс, Работнички ја пречекува Ренова, додека новите прволигашки имаат гостински испити на стартот, Македонија Ѓорче Петров гостува кај Академија Пандев, додека Беласица оди кај Победа.

Првата лига стартува на 12 август во 17 часот, додека есенската полусезона ќе заврши на 2 декември.

Пролетниот дел на сезоната стартува на 17 февруари идната година, а првенството ќе заврши на 26 мај. И сезонава ќе се игра четирикружен систем на натпревари со вкупно 36.кола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ