
ШИФРИН СУПЕРИОРНА НА СЛАЛОМОТ ВО МАРИБОР
АМЕРИКАНКАТА МИКАЕЛА ШИФРИН ПОБЕДИ НА СЛАЛОМОТ ВО МАРИБОР ШТО СЕ БОДУВА ЗА СВЕТСКИОТ КУП ВО АЛСПКО СКИЈАЊЕ И СЕ ДОБЛИЖИ НА ДВА ТРИУМФА ДО РЕКОРДОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ИНГЕМАР СТЕНМАРК
Микаела Шифрин имаше супериорен настап на слаломот во Марибор каде по 38 пат финишираше на 1.место и се доближи на само две победи од рекордор на Ингерам Стенмарк од 40 слаломски триумфа кои славниот скијач од Шведска ги оствари во периодот од 1974 до 1987 година.Шифрин создаде предност од 1 секудна после првата трка и рутински финишираше во второто слаломско возење ,откако најголемата ривалка Петра Влхова направи грешка и заврши на 5.позиција.За место на подиумот до Шифрин се изборија швеѓанката Ана Свен Ларсон со заостанување од 77 стотинки и Венди Холденер од Швајцарија.Американката Шифрин се оддалечи од Влхова на 135 бодови во поредок за слалом и на 651 од претставничката на Словачка во генералниот пласман.