
ШИФРИН СТИГНА ДО ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ ВО СУПЕР-ЏИ
Микаела Шифрин го освоите четвртиот златен медал од настапите на СП во алско скијање и првиот во супервелеслалом.23 годишната американка денеска триумфираше во Аре на отварањето на 45. СП.Во исклучително неизвесна трка,Шифрин победи со предност од само 2 стотинки пред италијанката Софија Гоџија и за 0.05 во однос на Корин Сутер од Швајцарија која се закити со бронзениот медал.Линдзи Вон ,Светската супер-џи шампионка од 2009 и носителка на уште две медали во дисцилината која најави повлекување од скијањето кон крајот на сезоната, имаше тешко излетување но заврши без повреда и ќе биде во комбинација кај американскиот тим за спустот.Утре во Аре ќе се одржи машкиот супервелеслалом. Македонската репрезентација во состав Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Виктор Петков и Дардан Деари ќе настапи на СП во слалом и велеслалом, трки закажани за 15 и 17 февруари.