Семедо ја напушта Барселона и потпишува за Сити
Барселона е подготвена да го продаде Нелсон Семедо во Манчестер сити за 40 милиони евра. Преговорите помеѓу двата клуба моментално се во тек, а премиерлигашот имал и обид за трампа и го понудил Жоао Кансело, кој игра на идентична позиција, односно е десен бек.
Сепак, од таборот на шпанскиот гигант ја одбиле оваа опција и сакаат само пари. Португалецот, кој има 26 години е подготвен да си замине и веќе преговара за личните услови со „граѓаните“.
Барселона собира пари за летово да го купи Лаутаро Мартинез од Интер, а следни на продажба најверојатно ќе одат Иван Ракитиќ и Артуро Видал.