
Селекцијата до 19 години без пласман во следниот круг
Нашата фудбалска репрезентација до 19 години и покрај победата од 2:0 во дуелот против Луксембург не успеа да се пласира во следната фаза од квалификациите за Европското првенство.
Нашите надежи со головите на Талески и Фазлагиќ стигнаа до триумф над Луксембург, но во првиот дуел од групата Хрватска во последните моменти од натпреварот со Чешка успеа да избори бод и да го освои второто место на табелата.
Чесите се до 90-тата минута имаа предност од 2:1, но во завршницата Палаверса се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат.