
СЕХА ЛИГА:ВАРДАР УБЕДЛИВ ПРОТИВ МОТОР ЗА 1.МЕСТО ВО А ГРУПАТА
Вардар им се реваншираше на украинците за единствениот пораз во досегашниот тек од сезоната во Сеха лигата и со 18 бодови се издвои на 1.место во групата А после 7. натпревари. Европскиот првак кој ја брани титулата и во регионалната лига,славеше пред домашна публика со 44-37. Мечот во СЦ Јане Сандански се одвиваше изедначено во првите 30 минути.На паузата, Вардар замина со предност од 20-19.Ефикасно и во вториот дел каде почетните минути му припадна на Вардар.Фаворитот се оддалечи на плус 4 и во 52 минута веќе имаше 38-31 за мирен финиш.Дибиров постигна 11 голови а зад најефикасниот вардарец ,9 реализираше Чупиќ,7 Шишкарев ,5 Сикошек Пелко.Стоилов,Димитрииски и Скубе постигнаа по два погодока.На голот Кизиќ запре 5 удари на Мотор, Гебдан имаше една интервенција
Вардар ја продолжува сезоната во Полска.Во сабота европскиот првак гостува кај Кјелце во меч од 8.коло во ЛШ.