
СЕХА ЛИГА: ВАРДАР ПОДГОТВЕН ЗА ДЕБИТАНОТ ЖЕЛЕЗНИЧАР НИШ
Вардар,актуелниот шампион на Сеха лигата утре вечер од 20.15 во СЦ Јане Сандански го пречекува составот на Железничар од Ниш.Дебитантот во регионалната лига, оваа сезона е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.
Секогаш кога во Скопје доаѓа екипа која е предводена од Веселин Вујовиќ знаеме дека не очекува интересна средба. На тие дуели ние влегуваме максимално мотивирано и сакаме да одработиме најдобро што може. Веќе одигравме една средба против Металург и сметам дека треба да одиме чекор по чекор. Oчекуваме добар натпревар и сакаме да го покажеме најдоброто од нас на овој натпревар. Нема да се залетуваме, но ќе се обидеме да покажеме добра игра и да демонстрираме напредок во нашата форма-истакна крилниот играч на Вардар, Тимур Дибиров
Тренерот Парондо најверојатно ќе може да смета на Игор Карачиќ и Вуко Борозан, кои го пропуштија турнирот во Стразбур, како и дербито со Металург на стартот од новата Сеха сезона каде Вардар славеше со 34-28.
Очекувам да одиграме подобро отколку на средбата од 1. коло. Се обидуваме да ја креваме формата. Ни се наближува почетокот на Лигата на шампионите и овие средби треба да ги искористиме за да можеме на тие средби да покажеме далеку подобра игра. И понатаму сме во потрага по голман и очекувам тоа прашање да се реши брзо. Што се однесува до настапот на Игор Карачиќ и Вуко Борозан ситуацијата е поинаква. Тие се чувствуваат подобро и доколку денеска добијат дозвола тогаш може утре и да добијат шанса за да играат против Железничар“- изјави тренерот Роберто Гарсија Парондо