СЕХА ЛИГА:ТРЕТ ПОРАЗ НА ВАРДАР МЕШКОВ Б. СЛАВЕШЕ ВО СКОПЈЕ

Вардар како сигурен патник на Ф 4 турнирот во Сеха лигата  загуби на домашен терен во СЦ Јане Сандански со 30-32 од Мешков Брест ,белорускиот тим кој е во трка со Татран  Прешов за 4-та  позиција и место   на завршниот турнир.Вардар останува лидер во СЕХА  лигата и  покрај  третиот пораз сезонава.

Освен почетното водство,Вардар во продолжение од првото полувреме имаше постојано негатива од два до три гола,но со погодоците на Криштопанс и Чупиќ пред паузата, намали на 16-17.Во вторите 30 минути,македонскиот шампион  стигна до 24-24 во 43 минута и понесен од одбраните на Милосављев се чинеше дека  тргна кон 14 победа во тековната сезона.Но по грешките во финишот,гостите во Јане Сандански од 30-30 во последната минута постигнаа два гола за нивна 11 победа сезонава ,втора над Вардар.  Најефикасни  кај Вардар беа   Дибиров и Скубе со по  6 голови.Криштопанс и Војводиќ постигнаа по три.Милосављев заврши со  7 интеревции.До крајот на лигашкиот дел од сезоната во Сеха,Вардар ќе има две гостувача,на 10 март кај Нексе и на 12.03 против Извиѓач.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ