
Сеха лига: Пекинг Спорт Универзитет нова екипа
Сеха лигата ќе добие нов член во наредната сезона.Во деветто издане на лигата ,бордот на Сеха реши да му даде шанса на тимот „Пекинг Спорт Универзитет“.
Наша цел е да го развиеме ракометот во регионот и да донесем нешто ново,да ги шириме хоризонтите, да освојуваме нови пазари, со овој потег и надвор од границите на Европа“ – истакна поранешниот сопственик на Вардар,кој е претстедател на СЕХА, Михајло Михајловски.Екипата од Кина ќе биде еден од 12 клубови во новата сезона каде титулата ја брани Вардар,во конкуренција и на македонскиот вицешампион.Во трка за 2.место, Еурофарм после триумфот во Автокоманда е на пол позиција во однос на Металург.