Се утврдува календарот во Ла Лига
На вториот состанок на претставниците на клубовите и двете страни се се поблиску до договор за утврдување на начинот на кој ќе се комплетира сезонава, се разгледуваат и неколку опции околу висината на платата која фудбалерите треба да ја добиваат за време на паузата.
Доколку шампионатот не се комплетира до крајот на јуни, договорено е новото првенство да стартува кон средината на септември, кое исто така ќе се игра со забрзан ритам се со цел да се овозможи играчите да имаат доволно време да се приклучат на подготовките на националните тимови за настап на Европското првенство.
Конечната одлука треба да се донесе на состанокот кој ќе се одржи во текот на следната недела.