Се договара терминот за дуелот Вајлдер-Фјури
Реванш мечот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ќе се одржи на 27 април и 18 мај. Според најавите во медиумите двајцата боксери повторно ќе се соочат на територијата на САД, но овој пат тоа ќе се случи во МГМ арената во Лас Вегас или Барклејс центарот во Њу Џерси.
За одредувањето на конечниот датум треба да се договорат уште неколку детали, но се очекува да биде познат во следниве неколку недели.