
Се чекаат резултатите од деталниот преглед на Лазаров во Загреб
Нашиот репрезентативец вчера се повреди во 12-тата минута од натпреварот против Шпанија во рамки на првото коло од Групата 2 од главната фаза на првенството. Лазаров незгодно доскокна по едно додавање кон Гоце Георгиевски и веднаш го напушти натпреварот и не се врати во игра.
Според информациите од таборот на Ракометната федерација на Македонија, Лазаров утрово заминал на детални прегледи во Загреб и повеќе информации околу неговата повреда најавија за попладне. Самиот тренер Раул Гонзалес уште синоќа призна дека е многу е мала веројатноста Лазаров да настапи на следните два натпревара на Европското првенство што Македонија утре и задутре ќе ги игра со Чешка и со Данска.