
Сари останува менаџер на Челзи
По дебаклот во дуелот со Манчестер Сити, медиумите во Англија почнаа со шпекулации околу евентуалната смена на менаџерот на Челзи, Маурицио Сари.
Сепак раководството на клубот од Стемфорд Бриџ ги демантираше написите потенцирајќи дека Италијанецот има целосна поддршка во битката за влез меѓу четирите најдобри во Премиер лигата.
Челзи во моментов е на шестото место со само еден бод помалку од петтопласираниот Манчестер Јунајтед.