
САРИ:АЗАР МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ЧЕЛЗИ
Тренерот на Челзи ,Маурицио Сари го повтори ставот дека Азар може да замине од клубот ако не сака да игра за тимот од Стемфорд Бриџ.28 годишниот Азар ги отфрли последните неколку понуди од Челзи за продолжување на договорот со што се засилија гласините дека ќе ја промени средината.Азар кој има постигнатo 10 голови на 22 првенствени настапи сезонава и се поврзува со трасфер во Реал Мадрид кој може да се случи во текот на летниот преоден рок ,кога ќе се активира неговата последна сезона за Челзи според актуелниот договор.