
Салцбург со двојна победа ја елиминираше Шкендија од ЛШ
Македонскиот првак Шкендија доживеа елиминација од Ред Бул Салцбург во третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, откако вечерва на „Филип Втори“ во Скопје загуби со минимални 0-1.
Тетовци имаа негатива од 3-0 по првиот натпревар одигран во Австрија, а вечерва немаа сили ниту за минимална победа, со која чесно ќе се простеа од елитното натпреварување.
Стрелец на голот за австрискиот шампион беше Такуми Минамино во 92-та минута од натпреварот.
Ова не е крај за европската авантура на Шкендија, бидејќи продолжува во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Таму ќе игра со подобриот од двомечот помеѓу Корк Сити и Розенборг, а по првиот натпревар Норвежаните имаат предност од 0-2.