Салата во Виена речиси распродадена за македонските натпревари, пристигнуваат и навивачите

„Штадхале“ арената во Виена ќе биде исполнета до последното седиште на натпреварите во кои игра македонската машка репрезентација.

На официјалниот сајт за продажба на билети заостануваат оние најскапите од над двесте евра.

Македонските навивачи не штедат пари, а за екипата на Телма Телевизија велат дека ги оставиле работните обврски, купиле авионски билет и резервирале сместување.

Освен битката на трибините која отпочнува утре на теренот со мечот Македонија- Украина во Б-групата и битката на трибините навивачите не губеа време и закупија два ресторани во близина на салата.

Првиот бран навивачи пристига вечерва со авионскиот лет, а изутрината пред првиот меч фалангата ќе ја донесат автобуските превозници токму за оваа цел.

Извештај на нашиот репортер, Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ