Спорт Салах се најде на списокот на Египет за СП во Русија
Мохамед Салах се најде на конечниот список на Египет за Светското првенство во Русија.
Најдобриот фудбалер на оваа репрезентација е во трка со времето да се рехабилитира од повредата на рамото што ја заработи за време на финалето од Лигата на шампиони помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
Крилниот напаѓач изминатата сезона во дресот на „црвените“ постигнаа 44 голови и очекувано е главна надеж на египетската репрезентација, која првиот натпревар на Мундијалот го игра против Уругвај на 15 јуни во рамки на Групата А, каде што се и селекциите на Русија и Саудиска Арабија.



