
САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на СП 2026
САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на Светското фудбалско првенство во 2026 година. Земјите членки на ФИФА денеска гласаа за идниот домаќин на Мундијалот и одлучија тоа да биде заедничката кандидатура наречена „обединети“.
САД, Канада и Мексико добија 134 гласови од вкупно 200, вториот кандидат Мароко доби 65 гласови, додека само Того не гласал за никого.
Мундијалот во 2022 година ќе се одржи во Катар, а следниот ќе биде прв на кој ќе учествуваат 48 земји и воедно првиот светски фудбалски турнир на кој домаќините ќе бидат три земји.