
Руската Влада ќе одржи видеоконференциска седница
Рускиот претседател Владимир Путин држи дистанца од луѓе и ќе работи од далечина па затоа денешната владина седница ќе биде преку видеоконференциска врска, соопшти официјален Кремљ.
Одлуката е донесена само еден ден откако беше потврдено дека лекарот, кој минатата недела се сретна со Путин, е позитивен на новиот коронавирус. Путин минатата недела посети болница во Москва, каде се згрижени пациентите со Ковид-19 и се ракуваше со директорот на болницата Денис Прошенко, кој сега е во самоизолација во својата канцеларија.
Во Русија досега се регистирани 2.777 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 24 починаа, а 190 оздравеле.