Русинките се пласираа во полуфиналето на ЕП во ракомет

По победата од 32:21 во дуелот против Данска, репрезентацијата на Русија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција.

Русинките предводени од Ана Вјахирева која постигна девет гола и имаше пет асистенции и голманката Ана Седојкина со 14 одбрани стигнаа до триумф што им гарантира влез меѓу четирите најдобри селекции на Стариот континент.

Избраничките на селекторот Евгениј Трефилов доминираа во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено стигнаа до победа што им гарантира настап во полуфиналето и се многу блиску до исполнување на целта, а тоа е прв триумф на Европското првенство во историјата.

Покрај Вјахирева и Седојкина одлично играше Полина Кузњецова која постигна шест гола, а по три пати прецизни беа Дарија Самокина и Јулија Манагарова.

Во поразениот тим Катрин Хеиндал беше стрелец на пет погодоци додека Ане Мете Хансен четири пати се запиша во листата на стрелците.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат в петок во Париз и ќе можете да ги следите низ директен пренос на програмата на Телма. Решавачките мечеви за пласман на ќе се играат в недела исто така до директен пренос на нашата програма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ