Русија и Холандија на чекор до пласман во полуфиналето

По еден ден пауза продолжија натпреварите на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција.

Во првата група од главната рунда Русија ја совлада Србија со 29:25 и ги зголеми шансите за освојување на една од првите две позиции кои водат во полуфиналето.

Во вториот натпревар од денешната програма во оваа група Шведска и Франција играа без победник 21:21.

Во дербито на вечерта во меч што се играше во Нанси, Холандија славеше против Романија со 29:24 и изби на првата позиција во втората група од главната рунда.

Претходно Унгарија успеа да забележи победа над Германија со 26:25 и остана во трката за пласман во полуфиналето.

Завршните натпревари на континенталното првенство, полуфиналните и мечевите пласман ќе можете да ги следите на програмата на Телма.

 

РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ / ГЛАВНА РУНДА

 

ГРУПА 1

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА                21:21

РУСИЈА – СРБИЈА                            29:25

 

ТАБЕЛА

1. РУСИЈА 3 3 0 0 79:71 6
2. ФРАНЦИЈА 4 2 1 1 98:90 5
3. ШВЕДСКА 4 1 1 2 100:102 3
4. СРБИЈА 3 1 0 2 76:76 2
5. ЦРНА ГОРА 3 1 0 2 73:77 2
6. ДАНСКА 3 1 0 2 78:88 2

 

СЛЕДНО КОЛО  10.12.2018

ДАНСКА – РУСИЈА                                           18:00 часот

СРБИЈА – ЦРНА ГОРА                                    21:00 часот

 

 

ГРУПА 2

УНГАРИЈА – ГЕРМАНИЈА                              26:25

ХОЛАНДИЈА – РОМАНИЈА                          29:24

 

ТАБЕЛА

1. ХОЛАНДИЈА 3 3 0 0 85:76 6
2. РОМАНИЈА 3 2 0 1 84:76 4
3. ГЕРМАНИЈА 4 2 0 2 111:110 4
4. УНГАРИЈА 4 2 0 2 108:117 4
5. НОРВЕШКА 3 1 0 2 93:89 2
6. ШПАНИЈА 3 0 0 3 76:89 0

 

СЛЕДНО КОЛО 11.12.2018

ШПАНИЈА – РОМАНИЈА                               18:00 часот

ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА                          21:00 часот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ