
РОНАЛДО,МОДРИЌ И САЛАХ ВО ТРКА ЗА НАГРАДАТА НА ФИФА
ФИФА ги објави номинациите за наградата најдобар фудбалер на Светот за 2018 година.За прв пат после 12 сезони,во изборот нема да учествува Лионел Меси.Во најтесниот круг од тројца кандидати за популарната награда „Бест“ ,конкурираат најдобриот фудбалер според УЕФА, Лука Модриќ, како и Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.Мината година,признанието го понесе португалецот Роналдо екс фудбалерот на Реал и новата звезда на Јувентус.Гала свеченоста на ФИФа ќе се одржи на 24 септември во Лондон.
Номинациите за другите категории:
Голман: Куртоа (Реал Мадрид), Лорис (Тотенхем), Шмајхел (Лестер)
Награда Пушкаш (најдобар гол): Бејл, Черишев, Кристодолопулос, Де Араскаета, Мекгри, Меси, Павар, Кварезма, Роналдо, Салах.
Тренер во машка конкуренција: Далиќ (Хрватска), Дешамп (Франција), Зидан (Реал Мадрид)
Тренер во женска конкуренција: Педрос (Франција), Такакура (Јапонија), Вигман (Холандија)
Навивачи: Јапонски и сенегалски навивачи, навивачи на Перу и Себастијан Карера
Најдобар женски играч: Хегерберг (Норвешка), Марожан (Германија), Марта (Бразил)