
Роналдо казнет парично за непримерната прослава против Атлетико
Кристијано Роналдо избегна суспензија од УЕФА, но заработи парична казна за прославата на третиот гол против Атлетико Мадрид во рамки на реванш натпреварот од осминафиналето.
Јувентус победи со 3-0 и го елиминираше шпанскиот тим од елитното натпреварување. Стрелец на сите три гола за италијанскиот гигант беше токму Роналдо, но УЕФА поведе постапка против него поради непримерната прослава на последниот погодок.
Иако се шпекулираше дека Португалецот би можел да биде суспендиран за натпреварите од четвртфиналето против Ајакс, сепак, Дисциплинската комисија му исрече само парична казна од 20.000 евра.
Слична казна доби и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој исто така имаше непристојна гестикулација кога неговито тим победи со 2-0 на првиот натпревар во Мадрид.