РИСТОВСКИ ВО СПОРТИНГ ДО 2022
Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски ќе го продолжи престојот во редовите на Спортинг Лисабон информираат португалските медиуми
Договорот на Стефан Ристовски со Спортинг истекува на крајот на тековната сезона, но фудбалерот ќе остане во стадионот Хозе Алваладе, откако клубот ја активираше клаузулата со која се предвидува продолжување на договорот со десниот бек.Според весникот „Рекорд“, македонскиот интернационалец ќе остане кај „Лавовите“ уште две сезони, до јуни 2022 година. 28-годишниот дефанзивец ќе има и право на подобрување на платата, за што ќе се разговара откако ќе се нормализираат условите по пандемијата на корона вирусот.Ристовски кој ја почна кариерата во Вардар, му се придружи на Спортинг во летото 2017 година од редовите на Ријека.Тој има одиграно 74 натпревари за португалскиот клуб.