Ристовски и Спортинг на мегдан со Атлетико Мадрид

Најголемите фаворити за освојување на трофејот во Лигата на Европа, Арсенал и Атлетико Мадрид се избегнаа во четвртфиналето, па можеби овие два тима ќе ги гледаме во големото финале во Лион.

Арсенал за противник го доби тимот на ЦСКА Москва, доде тимот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, Спортинг Лисабон ќе има тежок двомеч со Атлетико Мадрид.

Лајпциг ќе се сретне со Олимпик Марсеј, додека Лацио ќе води битка за полуфинале против Салцбург.

Првите натпревари од четвртфиналето се закажани за 5 април, додека реваншите се на 12 април.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ