Ристовски: Да отвориме ново поглавје со националниот тим

Македонската машка ракометна репрезентација утрово отпатува за Рејкјавик каде утре од 21:45 ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.

“Почнува нова ера на македонската репрезентација, со нов селектор и со голем број на помлади ракометари. Тоа е неизбежно и треба да влезземе најдобро што можеме во овој двомеч, во обид да стигнеме до добар резултат. Според мене не треба да се кажува дали бркаме една или две победи, суштината мора да биде да почне да се гради игра, нешто по што ќе бидеме препознатливи во годините што следат. Знаеме дека нема да биде лесно, но тоа е така секогаш кога се обидувате нешто да промените, се надевате дека на крајот ќе добиете позитивен исход. Повторувам, ќе се обидеме да победиме на двете средби, но многу поважно ќе биде да одиграме добро, да оставиме позитивен впечаток и база што потоа ќе се унапредува”, изјави голманот на националниот тим Борко Ристовски.

Натпреварот со Исланд кој почнува во 21 часот и 45 минути ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма, а половина час претходно стартува нашата специјална емисија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ