Ристовски: Благодарност до сите навивачи, без нив ќе беше потешко

Голманот Борко Ристовски напоменува дека не е битно кој блескал, кој дал најмногу голови или кој имал клучна одбрана, најважно е дека Македонија победува и очекува уште подобри игри во продолжение од ЕП.

„Во јавноста можеби не го зборевме тоа, но знаевме дека денеска ќе биде потешко отколку со Словенија, бидејќи натпреварот носеше притисок дека ќепренесеме два бода сигурно во следната фаза. Го имавме натпреварот во свои раце. Играа сите и не е важно кој колку играл и најважно е да победуваме. Сега е важно да ја дочекаме Германија што посвежи. Луѓето дојдоа тука и буквално ни ја даваат целата подршкам без нив ќе беше потешко. Благодарност до сите навивачи. Заедно се радувавме и ова е само почеток на ова Европско. Можеби не сме во топ форма, но ќе дојде и тоа. Најважно е сите да се радуваме со цела Македонија“, изјави Ристовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ