
Рикиардо и со технички проблеми успеа да слави во Монако
Даниел Рикиардо триумфираше на трката за Големата награда на Монако, што се возеше денеска низ улиците на Монте Карло.
Возачот на Ред Бул водеше од почетокот до самиот крај и покрај тоа што речиси 60 круга имаше проблем со моќноста на моторот, но успеа да го задржи водството и да ги остави зад себе Себастијан Фетел од Ферари и актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.
Британецот останува лидер во генералниот пласман со 110 бодови, пред Фетел, кој има 96, а трет е денешниот победник, Рикиардо со 72 бода. Следната трка се вози за две недели за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.