РГ:ЧЕКИНАТО ГО ЕЛИМИНИРАШЕ ЃОКОВИЌ ЗА МЕСТО ВО ½ ФИНАЛЕТО

Новак Ѓоковиќ,шампионот на Ролан Гарос од 2016 година,не успеа по деветти пат во кариерата да се пласира во полуфинале на Грен слемот во Париз.Италијанецот Марко Чекинато,72 играч на АТП листата го порази српскиот тенисер со 3-1 во сетови.

 

Во четврфинален дуел со много осцилации,Чекинато поведе со 6-3 и 7-6.Ѓоковиќ се врати со 6-1 во третиот сет,имаше и 5-2 во четвртиот,но италајенцот се избори за тај брејк во кој ја искористи 4-та  меч топка за пласман во полуфиналето каде ќе игра со  Доминик Тим.Претходно, австриецот  ја доби во три сета четврфиналната пресметка против  Александар Зверер  со 6-4,6-2 и 6-1.Германецот кој во Париз  одигра  три  меча во пет сета  до пресметката со Тим,се пожали на повреда на  левиот бутен мускул. За утре се закажани другите две четвтфинални средби,Надал-Шварцман и Чилиќ – Дел Потро.

Во женска конкуренција,американските Киз и Стивенс ја формураа првата полуфиналта двојка.Мадисон Киз  со 7-6 и 6-4 ја победи Јулија Питинцева од Казахстан.Слоун Стивенс беше поубедлива од Киз и со 6-3 и 6-1  за 71 минута ,ја надигра русинката Дарија Касакткина.Во второто полуфинале ќе се најдат подобрите тенисерки  од мечевите Халеп-Кербер и Мугуруза-Шарапова.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ