
РФМ ги одреди премиите за ракометарите
Пред одигрувањето на првиот натпревар на Европското првенство, Ракометната федерација на Македонија објави дека играчите за пласман во следната фаза ќе поделат 30.000 евра, а за евентуално освојување на првото место во групата ракометарите ќе добијат дополнителни 10.000.
Пласманот во квалификациите за настап на Олимписките игри дополнително ќе се награди со уште 30.000 евра.