Реприза од Кардиф: Реал Мадрид го доби Јувентус во четвртфиналето

Реал Мадрид и Јувентус во четвртфиналето ќе одиграат реприза на ланското финале во Кардиф.

Ждрепката сакаше во оваа фаза од натпреварувањето да се сретнат ланските финалисти. Минатиот мај „кралевите“ славеа со 4-1 и дојдоа до 12-тата европска круна. Сепак, во нокаут-натпреварите традицијата е на страна на италијанскиот гигант, кој го елиминирал Реал Мадрид на последните четири двобои, а последен пат во полуфиналето во 2015 година.

Големо внимание ќе предизвика и премиерлигашката пресметка помеѓу Манчестер сити и Ливерпул, кои за прв пат ќе играат меѓусебе во европските купови. „Црвените“ се единствениот тим кој сезонава успеа да го земе скалпот на „граѓаните“ во Премиерлигата, а фактот дека ова се двете најефикасни екипи во тамошниот шампионат ветува атраткивен и ефикасен двобој.

Барселона за противник ја доби Рома, додека Севилја, која сензационално го елиминираше Манчестер јунајтед, сега ќе оди на мегдан со Баерн Минхен.

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 3 и 4 април, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна. Големото финале се игра на „Олимпискиот стадион“ во Киев на 26 мај.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ