Рекордна сума за ТВ права за неелитни лиги

Британската телевизиска куќа Скај плати сума од 668 милиони евра за петгодишен договор за емитување на директни преноси од натпреварите во англискиот Чемпионшип, Лига еден и Лига два како и за мечевите во двата купа.

Челниците на Англиската лига (ЕФЛ) едногласно ја прифатија понудата на Скај иако дури 15 клуба од Чемпионшип дивизијата бараа подобри финансиски услови. На чело на групата која се противеше на договорот беа Астон Вила, Дерби Каунти и Лидс Јунајтед, но одговорот на ЕФЛ беше дека ова е најдобрата опција 72 клуба кои се дел од оваа организација.

Чемпионшип е најбогатата неелитна лига во светот и се наоѓа на седмото место во Европа, а во текот на минатата сезона просекот на второто по ранг лигашко натпреваување во Англија имаше просек од 20.130 гледачи по натпревар.

Договорот меѓу Скај и ЕФЛ ќе важи од 2019 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ