Реал Сoсиедад е првиот шпански тим што се враќа на тренинзи

Реал Сосиедад објави дека фудбалерите  ќе се појават  на терен во  вторник, со што ќе бидат  првиот тим во Шпанија кој ќе  врати на тренинзите од избувнувањето на коронавирусот.

Клубот најави  серија заштитни мерки.Играчите ќе можат да тренираат во мали  групи.Активностите ќе ги спроведуваат  и следат со присуство на  медицински персонал. Реал Сосиедад објави и дека ги намалува платите на играчите за 20 проценти  во обид да ја олесни финансиската состојба на клубот.

Според „Марка“ и раководството на Реал Мадрид сака тимот да продолжи со тренинзите.

Ла Лига е суспендирана од почетокот на март.

Мината недела во Германија, сите клубови во Бундеслигата продолжија со тренинзи  и  работат изолирано, во мали групи

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ