
Реал Мадрид,Јувентус,Баерн Минхен,Рома,Ајакс,Јунајтед и Сити во 1/8 финале
Реал Мадрид,Јувентус,Баерн Минхен,Рома,Ајакс и двата тима од Манчестер синоќа ги заверија местата помеѓу најдобрите 16 , кои продложуваат во првата фаза елиминации.Во Е групата Баерн конечно профункционира и со 5-1 ја демолираше Бенфика.Португалците ќе продолжата во Лига Европа.Ајакс е вториот тим покрај германскиот шампион со пласман во осминафиналето. Холандскиот великан славеше со 0-2 кај фенерџијата АЕК во Атина, со головите на Душан Тадиќ и после пауза од 13 години влезе во елиминациите. Во групата Ф,Манчестер Сити ремизираше 2-2- на како што се покажа тешкото гостување кај Лион и обезбеди место помежу најдобрите 16.На вториот меч од групата Хофенјахм-Шахјтор 2-3.Украинците и Лион во последното коло ,нив директен дуел ќе одлучуваат за вториот патник во осминафиналето.Рома загуби од Реал Мадрид на Олимпико со 0-2,но двете екипи го визираа престојот во Лигата.Бејл и Лукас се погрижија за 22-ро по ред учество на актулениот шампион во нокаут фазата.Рома заврши на 2.место. Викторија Плзен победи кај ЦСКА Москва со 1-2 .Овие два тима ќе се борат за место во Лига Европа. Во групата Х,Јувентус со голот на Маџукиќ ја порази Валенсија за три бода и за место во нокаут фазата.Меч на кој Кристијано Роналдо покрај асистенцијата постави рекорд како прв играч со 100 победи во елитната Лига.Манчестер Јунајтед со судни маки извлечи триумф над Јанг Бојс од 1-0 и тоа со голот на Фелаини во судиското надополнување кој предизвика полемики и негодување кај Јанг Бојс и Валенсија која остана без шанса за осминафинале.
Вечерва ќе играат:
ГРУПА А
АТЛЕТИКО М.-МОНАКО
БОРУСИЈА Д.-БРИЖ
ГРУПА Б
ТОТЕНХЕМ-ИНТЕР
ПСВ- БАРСЕЛОНА
ГРУПА Ц
НАПОЛИ- ЦРВЕНА З.
ПСЖ- ЛИВЕРПУЛ
ГРУПА Д
ЛОКОМОТОВ М.-ГАЛАТАСАРАЈ
ПОРТО -ШАЛКЕ