РЕАЛ И БАЕРН ПОСЛЕДНИ ПОЛУФИНАЛИСТИ ВО ЛШ,ВЕЧЕРВА БИТКА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЛИГА ЕВРОПА
Реал Мадрид и Баерн Минхен им се приклучија на Ливерпул и Рома во сегментот од полуфиналето во ЛШ на Уефа.Драматичниот реванш во Мадрид се одвиваше извонредно за Јувентус се до финишот.Италијанскиот првак ја неутрализираше предноста на Реал од првиот меч со двата гола на Манџукиќ во 2 и 37 минута и на Матуиди кој во 61 погоди за неверојатни 0-3 на Санјтаго Бернабе.Во судиското надополување, со гол од пенал кој го подели фудбалскиот свет,Роналдо спречи продолженија.Португалецот од 11 метри го совлада Шчесни ,замената на исклучениот Буфот за финални 1-3.Капитенот на Јувентус заработи црвен картон поради протестите кон судија Мајкл Оливер за досудениот пенал.На вториот реванш,Баерн и Севиља одиграа без голови во Минхен.Бундеслигашот имаше предност од 2-1 по првиот натпревар.Претходно Ливерпул и Рома изборија полуфинале.Жрепката ќе се одржи утре во Нион.Вечерва од 21.05 ,комплетна реванш четврфиналната програма во Лига Европа.За место помеѓу најдобрит четрир екипи,Арсенал гостува кај ЦСКА Москва со предност од 4-1,Лацио има 4-2 против Салцбург пред реваншот во Австрија,Спортинг го пречекуа Атлетико со негатива од два гола а Олимпик Марсеј ќе се сретне со Лајпциг во обид да го елиминира германскиот клуб кој допатува на францускиот југ со предност од 1-0.