
Распродадена Штадхале во Виена
На неколку дена пред стартот на Европското првенство во ракомет, организаторот соопшти дека само мал дел од влезниците за натпреварите се уште не се продадени.
Мал контингент на влезници може да се купат за натпреварите во австриската престолнина Виена каде во првиот круг настапува и репрезентацијата на Македонија.
Арената во Грац каде се играат дуелите од А групата исто така е скоро распродадена за сите натпревари, а влезници се уште има за натпреварите од последното коло кога на програмата е мечот во кој се среќаваат селекциите на Хрватска и Србија.
Голем е и интересот за натпреварите што ќе се играат во Шведска. За првите две кола во Гетеборг каде настапува домашната селекција веќе нема билети, а само една третина од влезниците не се продадени за натпреварите од третата рунда во првата фаза.
Идентична е сликата и за мечевите во Малме каде се уште има билети за натпреварите од второто и третото коло.
Во Трондхајм каде ќе играат репрезентациите на Норвешка, Шпанија и Франција нема билети за дуелите од првите две кола, а мала е бројката на влезници која остана непродадена за мечевите од завршното коло.