
Раониќ и Тим во полуфиналето на Индијан Велс
Познати се првите полуфинални двојки на машкиот и женскиот дел од првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс.
Во првото полуфинале ќе се сретнат Милош Раониќ и Доминик Тим. Раониќ во меч што траеше 72 минути со 2:0 по сетови 6:3 и 6:3 го совлада Србинот, Миомир Кецмановиќ додека Тим место во полуфиналето обезбеди откако Гел Монфис поради повреда го предаде мечот. Вечерва ќе се комплетираат полуфиналните двојки по одигрувањето на дуелите Федерер – Хуркач и Качанов – Надал.
Кај дамите се комплетираа полуфиналните двојки. Најпријатното изненадување на турнирот Белинда Бенчиќ во три сета со 6:3, 4:6 и 6:3 триумфираше над петтата фаворитка Каролина Плишкова додека осмата фаворитка Анжелик Кербер беше поуспешна од Венус Вилијамс. Денеска на програмата се полуфиналните соочуваања, а се среќаваат Андреску – Свитолина и Бенчиќ – Вилијамс.