
Раниери нов менаџер на Фулам
По серијата лоши резултати во досегашниот тек од сезоната, раководството на Фулам реши да му врачи отказ на Славиша Јокановиќ и на негово место да го ангажира Клаудио Раниери.
Италијанскиот тренер по една година се враќа во Премиер лигата откако по триумфот во англиското првенство во следната сезона доби отказ во Лестер.
“Ми беше голема чест да ја прифатам понудата на господинот Кан да го водам Фулам. Тоа е клуб со голема традиција и секогаш примарна цел треба да биде борбата за врвот, а не за опстанок”, изјави Раниери.
Клубот од Крејвен котиџ по пауза од четири години се врати во елитата, но стартот на сезоната беше очаен откако челниците на клубот инвестираа околу 100 милиони фунти за засилување на екипата.
По 12 кола, Фулам е на последното место на табелата со само пет бода, а забележани се само една победа, две нерешени и девет порази.