Ракометарките со победа против Косово го завршија турнирот во Анталија

Македонската женска ракометна репрезентација со победа против Косово го заврши турнирот во Анталија . Избраничките на селекторот Симе Симовски беа подобриот тим во поголемиот дел од  натпреварот и заслужено славеа со 30-27.

По првото полувреме, имавме водство од 17-13, а предноста ја задржавме и во вториот дел. Елена Ѓорѓиевска беше најдобар стрелец во нашиот табор со осум гола, а  по шестпати во листата на стрелците се запишаа Симона Стојковска и Ангела Јанкуловска.

Македонија одигра вкупно четири натпревари на турнирот во анталија за време на ЕХФ-неделата. Во петокот ремизиравме со Италија, а во саботата имавме двојна програма на дуели и тоа со домаќинот Турција. Најпрво во утринските часови убедливо ја совладавме младата репрезентација на на оваа земја, но потоа загубивме убедливо од сениорската селекција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ