Ракометарките на Пелистер против Наиса

Женскиот состав на Пелистер во осминафиналето од Челенџ купот ќе се соочат со српскиот претставник Наиса од Ниш.

Во претходната рунда од третото по ранг натпреварување во Европа, ракометарките на Наиса беа поуспешни од португалскиот претставник Сир сзабележувајќи две убедливи победи, а по девет одиграни кола во домашното првенство се наоѓаат на третото место шест триумфи и три порази.

Првиот натпревар се игра на втори или трети февруари следната година, а реваншот е седум дена подоцна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ