
РАКОМЕТАРКИТЕ ИМАА УСПЕШЕН ТЕСТ СО ИТАЛИЈА
Во рамките на ЕХФ неделата, Македонската женска ракометна репрезентација со триумф од 26-23 во салата Автокоманда во Скопје го одработи првиот контролен меч со Италија.Во дуел со две различни полувремиња, македонските ракометарки заминаа на пауза со негативата од 12-8 ,но вторите 30 минути ги одигра на повисоко ниво. Ристовска со седум голови во друштво на Саздовска која реализираше пет, беа најпрецизни во нападот.Голманките Серафимова и Петковска искомбинираа 13 одбрани. Ротондо со 5 погодоци беше најуспешна кај италијанките.Денешниот натпревар беше од затворен карактер.Вториот контролен меч меѓу Македонија и Италија ќе се игра утре од 16:00 часот .Сениорките од 30 ноември до 2 декември ги очекуваат квалификациските натпревари за СП 2019 во група со Азербејџан, Исланд и Турција.