Ракометарите до 18 години останаа без бронзениот медал

Разочарувањето по вчерашниот пораз во полуфиналето беше преголемо за нашите млади ракометари да најдат мотив во борбата за бронзениот медал на ЕХФ шампионатот во Грузија.

Поразот од Белорусија навистина болеше, па избраниците на селекторот Данило Брестовац и денеска потклекна против Швајцарија со 35-31 во мечот за третото место.

Натпреварот беше доста изедначен, а во првиот дел имавме и водство од три разлика во еден момент, но на полувремето резултатот гласеше 16-16. Во продолжениeтo двете репрезентации се менуваа во водството, а финишот и припадна на Швајцарија, која во последните пет минути направија серија од 7-3 и дојдоа до триумф од 35-31.

Нашите ракометари до 18 години иако не изборија пласман во А-дивизијата, сепак оставија одличен впечаток, особено во групната фаза, кога остварија пет победи на пет натпревари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ