
Ракометарите денеска противи Турција, пренос на Телма од 17:50 часот
Македонската машка ракометна репрезентација денеска од 18 часот во Ескишехир против селекцијата на Турција ќе го одигра претпоследниот дуел во квалификациите за Европското првенство.
Нашите ракометари атакуваат на нова победа во квалификациите по која ќе бидат чекор поблиску до освојување на првото место во групата. Селекторот Данило Брестовац во Ескишехир замина без Дејан Манасков, кој е повреден но нашето најдобро лево крило има достојни замени во Маџовски и Димитриоски.
Во досегашните дуели со денешниот противник имаме максимален учинок и очекуваме таа низа да продолжи. Во четири соочувања забележани се исто толку победи, најубедливата е забележана во 2005-тата година кога во Скопје славевме со 37:31 додека во последниот дуел во Битола во октомври минатата година славевме со 31:27.
Токму тој меч треба да биде предупредување за нашиот тим кој иако ги освои бодовите, до нив стигна потешко од очекувањата и затоа веруваме дека денеска со максимално залагање и добра игра ќе стигнеме до нов триумф што по кој готово сигурно ќе бидеме најдобри во групата.
Натпреварот почнува во 18 часот и ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма, а нашата специјална емисија почнува во 17 часот и 20 минути.