Ракометарите денеска против Нигерија

Македонската машка ракометна селекција на Светското првенство за играчи до 19 години вечерва од 20 часот и 30 минути против репрезентацијата на Нигерија ќе го одигра вториот натпревар од првата фаза.


Избраниците на селекторот Данило Брестовац по стартиот пораз од Аргентина денеска имаат шанса да стигнат до првиот мундијалски триум бидејќи се апсолутни фаворити во соочувањето со Нигерија.
Натпреварот се игра во арената Борис Трајковски, почнува во 20 часот и 30 минути, а влезот за сите заинтересирани е слободен.


Денешната програма во нашата група се отвора со дуелот меѓу Јапонија и Бахреин, а од 18 и 30 играат Аргентина и Данска.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ