
Ракометарите денеска на рапорт кај „Ел Команданте“
Македонската машка ракометна репрезентација денеска од 16.30 часот ќе го има првиот собир во пресрет на баражот со Романија за пласман на Светското првенство идната година.
Селекторот Раул Гонзалес повика 20 ракометари, а барем засега нема најави за откажувања поради некакви повреди. Дел од ракометарите кои порано ги завршија клупските обврски изминатата недела веќе тренираа со селекторот во салата „Автокоманда“.
Денеска тие ќе го имаат првиот официјален тренинг во 18 часот во „Борис Трајковски“. Првиот натпревар со Романија го играме во Скопје во недела со почеток од 20.30 часот, а директен пренос ќе можете да следите екслузивно на Телевизија Телма.