Ракометар на Веспрем позитивен на Ковид 19

Откако Унгарскиот шампионат и официјално беше прекинат,клубот  Веспрем  донесе одлука да ги распушти странските ракометари  со дозвола   да се вратат во татковината, но само откако ќе направат нов тест за коронавирус. Но  еден од тестовите бил позитивен.

„На барање на ракометарите, неговото име не се објавува во јавноста.Тоа што  може  да го кажеме е дека не чувствува никакви симптоми, но заедно со своето семејство ќе остане во домот во Веспрем во двонеделна изолација. За нив се грижат соиграчите и клупскиот персонал“, објави Веспрем на Офицајалната веб страна.

Во случај ЕХФ  да донесе одлука за продолжување на Лигата на шампионите, Веспрем  ќе ги врати странците назад во клубот.

Пред два дена,Унгарскиот шампионат  како  и сите други ракометни натреварувања во земјата беа прекинати и се  поништени поради пандемијата.Учесниците за следната сезона во Европските купови ќе се одредат според   пласманот од мината сезона,одлучи Унгарската ракометна федерација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ