РАКИТИЌ ВО РАЗМЕНА НА БАРСЕЛОНА И СЕВИЉА?
Мундо Депортиво пишува за интересот на Севиља за Иван Ракитиќ , а целиот договор може да го олесни фактот дека Барса сака да го доведе Диего Карлос во своите редови. Дефанзивецот на Севилја има откупна клаузула од 75 милиони евра а за да го намали обештетување, Барселона би го вклучила хрватски играч од средниот ред во целиот договор.
Ракитиќ играше за Севиља од 2011 до 2014 година, забележа 117 настапи и постигна 27 голови пред да замине во Барселона. Тој има договор со Каталонците до летото 2021 година, а претходно изјави дека сака да остане на Камп Ноу што е можно подолго, но не би имал ништо против да се врати во Севилја. Ракитиќ има одиграно 299 натпревари во дресот на Барселона.
Од 13 март, тој е во неговиот дом во предградието на Барселона, каде што тренира индивидуално додека трае вонредната состојба во Шпанија.