
РАБОТНИЧКИ ВОДИ СО 1-0 ПРОТИВ МЗТ СКОПЈЕ ВО ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕТО
Работнички со победа од 86-77 против МЗТ ја отвори финалната серија во битка за домашниот шампионски трон.Најуспешниот македонски кошаркарски тим имаше одлична завршна четвртина против клубот кој доминира изминативе шест сезони.МЗТ како гостин во Градски Парк,синоќа наметна свое темпо и воглавно беше во водтвсо се до финалната четвртина.Серијата 18-7 ,или вкупни 25-12 за Работнички во завршните 10 минути му овозможија на домаќинот да стигне до водство од 1-0 во плеј-оф финалето,а МЗТ ја пропушти шасната за брејк.Костов со 21 поени беше најдобар кај победничкиот тим пред клупксите колеги Робинсон со 18 и Еванс со 16 . Кај МЗТ Скопје најефикасни беа капитенот Стојановски и Лалиќ кои постигнаа по 18 поени.МЗТ е домаќин на вториот меч што ќе се игра в среда во СЦ Јане Сандански.