РАБОТНИЧКИ Е НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

Екипата на Работнички синоќа ја освои  титулата во домашното првенство.Романтичарите го победија МЗТ Скопје со 87-84 и со 3-0 ја завршија  финалната плејоф серијата против клубот кој во континуитет изминативе шест сезони беше на врвот во Мак баскетот.

Слично како и на претходните мечеви од финалната серија,МЗТ имаше подобро прво полувреме а составот на Марин Дикузовски победнички финиш. Костов со 19 поени беше прв стрелец кај Работнички, Караџовски забележа 17. Бојиќ со 17 поени беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје, Стојановски реализираше 16 поени. Расел Робинсон е прогласен за најкорисен играч на финалната серија.За клубот  Градски Парк ова е јубилејна, петнаесетта шампионска титула освоена после деветгодишна пауза.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ